Утрински Весник
Свет

(Видео) Бездомник со камион возел по тротоар и повредил најмалку осум пешаци во Бруклин

(Видео) Бездомник со камион возел по тротоар и повредил најмалку осум пешаци во Бруклин

Најмалку осум лица се повредени, меѓу кои и еден полицаец, откако возач на камион 30 минути возел околу Бруклин.

dobivaj vesti na viber

Полициски извори за Ен-Би-Си Њуз изјавија дека станува збор за 62-годишниот Азиец, Венг Сор.

Иако се уште не е познат мотивот, полицијата изјавила дека се работи за емотивно растроен бездомник, пишува Дејли Мејл.

Се уште не е јасно како човекот успеал да стигне до камионот.

Две лица се во критична состојба, а покрај нив, хоспитализирани се уште две лица кои се во стабилна состојба.

Останатите се здобиле со полесни повреди и се пуштени на домашно лекување,пренесе Телеграф.рс.

Можете да прочитате

САД воведоа нови царини кон 60 држави

Нетанјаху: Пристапувањето на Саудиска Арабија кон Аврамски договори ќе биде „историско“

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море