Хари Стајлс е големиот победник на британски награди за поп-музика, „Брит авордс, каде се закити со трофеи во сите четири категории во кои беше номинирaн, една недела по неговиот триумф во Лос Анџелес, каде освои „Греми“ за најдобар албум.
А во Лондон во саботата вечерта Хари доби награда албум на годината за Harry’s House, песна на годината за поп-хитот As It Was, најдобра поп/аренби песна, и уметник на годината, една од двете родово неутрални категории што беа воведени минатата година отако организаторите на „Брит авордс“ се ослободија од машки и женски категории.
Претенденти за таа награда беа сите мажи, што разбесни многумина во забавната индустрија, а и на социјалните мрежи.