Утрински Весник
Магазин

(Видео) Ријана воодушеви со настапот на „Супербоул“ и откри дека е бремена

(Видео) Ријана воодушеви со настапот на „Супербоул“ и откри дека е бремена

Поп-ѕвездата Ријана повторно заблеска на сцената по петгодишна пауза, настапувајќи на полувремето на „Супербоул“, најгледаниот спортски настан во САД.

dobivaj vesti na viber

Пејачката по настапот потврди дека е бремена по втор пат, а за време на настапот  неколку пати го допираше стомакот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ensemble (@ensemblemagazinenz)

Ријана пееше и танцуваше на пловечка платформа, која полека се спушта кон тревникот каде „Канзас Сити чифс“ и „Филаделфија иглс“ се бореа за титулата најдобар НФЛ тим оваа сезона.

Таа беше облечена во црвен падобрански костум, а во настапот кој траеше околу 15 минути изведе делови од нејзините најголеми хитови во придружба на десетици танчери во бели тренерки.

Можете да прочитате

Почина Сејда Бешлиќ, сопругата на легендарниот Халид Бешлиќ

Туркије може да се истражува и на велосипед: Внимателно избрани рути за секој велосипедист

Гласајте за Анастас Китановски – да му помогнеме настапи на Untold!