Откако беше бомбардирана со негативни коментари за непрепознатливиот изглед на „Греми“ наградите минатата недела, Мадона доби поддршка од музичката легенда Шанаја Твен.
За потсетување, Мадона излезе на сцената во текот на доделувањето на наградите за да ги претстави Сем Смит и Ким Петрас додека го изведуваа својот хит Unholy. Но, и покрај извонредниот настап на двојката, гледачите имаа повеќе да кажат за лицето на Мадона, со многу коментари на социјалните мрежи во кои изразија сомнеж во козметичкиот зафат.
Фокусот на лицето на Мадона повторно предизвика полемика за притисокот со кој се соочуваат жените во обид да се усогласат со општествените стандарди за убавина.
По реакцијата, самата Мадона се огласи на социјалните мрежи за да го прозве хејтањето. „Уште еднаш сум фатена во сјајот на ејџизмот и мизогинијата што го широко распространети во светот во кој живееме. Свет кој одбива да ги слави жените по 45-годишна возраст и чувствува потреба да ја казни доколку продолжи да биде со силна волја, вредна и авантуристички настроена,“ напиша поп кралицата.
„Медиумите ме деградираа уште од почетокот на мојата кариера, но разбирам дека сето ова е тест и среќна сум што ќе ја поставам патеката за да им биде полесно на сите жени во годините што доаѓаат“.
Одговорот на Мадона доби пофалби и од фановите и од славните пријателки, вклучувајќи ја и пејачката Шанаја, која се прослави со хитот I Feel Like A Woman.
„Мадона не изгледаше вознемирена од критиките“, рече канадската поп-ѕвезда за Ај-ти-ви њуз.
„Мислам дека тоа е нејзиниот ослободен дух. Мадона може да изгледа како што сака. Има доволно критики во светот,“ рече Шанаја. „Добро е да се чувствуваш удобно во своја кожа, што и да е тоа.
„Конечно се чувствувам удобно во сопствената кожа – сигурно нема да обрнувам премногу внимание на критиките. Нема да дозволам тоа да ми пречи. Не сега. Животот станува сè пократок, нели?“
Мадона и Шанаја на доделување на наградите Греми 1999.