Утрински Весник
Магазин

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс го пречекaa бебето број 4

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс го пречекaa бебето број 4

Блејк Лајвли се огласи со симпатична објава на „Инстаграм“ и откри дека таа и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс го дочекале своето четврто дете заедно.

dobivaj vesti na viber

Во најновата објава на социјалната мрежа, каде сподели и фотографија од неа по породувањето заедно со сопругот и неговата мајка, актерката напиша: „Бев зафатена!“

Ѕвездата на Gossip Girl (35) блеска со весела насмевка стоејќи помеѓу сопругот ѕвезда на Deadpool (46) и неговата мајка, Тами, додека им покажува на фановите дека повеќе нема труднички стомак.

Двете љубовни птички, кои се венчаа во 2012 година, веќе ги имаат ќерките Џејмс (7), Инез (6) и Бети (3).

Среќната вест за бебето доаѓа набргу откако анонимен извор изјави за „Ју-ес викли“ минатиот ноември дека Блејк наскоро по четврт пат ќе добијат принова во семејството.

Можете да прочитате

Крцкав помфрит од рерна со пченкарен скроб

Хороскопски знаци со силна потреба за контрола

Богојавление (Водици) – ден за чистење и благослов