Утрински Весник
Македонија

Утре е ден на жалост во земјава, за жртвите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија

Утре е ден на жалост во земјава, за жртвите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа 130-та седница.

dobivaj vesti na viber

„Владата донесе одлука со којашто утрешниот ден, 13-ти февруари, понеделник, е прогласен за Ден на жалост на Република Северна Македонија“ се вели меѓудругото во соопштението од Владата.

Оттаму прецизираат дека „одлуката е донесена како израз на солидарност и почит за големиот број загубени човечки животи предизвикани од катастрофалниот земјотрес што се случи во Република Турција и во Арапската Република Сирија, на 6-ти февруари 2023 година“.

„За време на утрешниот Ден на жалост, знамето на Република Северна Македонија, ќе биде истакнато на половина копје, во нашата држава и пред дипломатско-конзуларните претставништва во странство“ велат од Владата.

На почетокот на владината седница беше оддадена почит за жртвите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

Владата изразува длабоко сочувство за загубите, до целиот турски народ и до блиските на настраданите во земјотресот во Турција и Сирија, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Лимани: Нема доказ дека е водата – МВР тврди спротивно, АХВ воведе забрана!

Мицкоски на Пиво Фест во Прилеп

ДОМ: Дали при оценката на оправданоста за изградба на Национален дата центар, покрај техничките и финансиските параметри се земени предвид и еколошките стандарди