Утрински Весник
Спорт

Савичевиќ: Само во Хрватска има култ кон репрезентацијата и затоа се успешни

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Фудбалската легенда, а сега претседател на Црногорската фудбалска федерација, Дејан Савичевиќ смета дека Хрватска со многу среќа стигнала до третото место на Светското првенство во Катар минатата година.

dobivaj vesti na viber

Хрватска успеа да го елиминира Бразил на пенали, за на крајот во полуфиналето да загуби од Аргентина и во мечт за третото место да го совлада Мароко.

„Еден од играчите ме праша што мислам за тоа дека Хрватска во три меча со два шута и два гола за малку ќе стигнеше до финалето. Во Катар со добар среден ред и одбрана им недостасуваше вистински напаѓач како Марио Манџукиќ. Тоа ми го призна и Звонимир Бобан пред шампионатот. Петковиќ и Ливаја не се фудбалери за да направат разлика на атеренот. Исто така им фалеше крилен играч како Ребиќ од Милан и тука беа најголемите проблеми. Имаа многу среќа, но, секако, успехот никој не може да им го одземе. На мечот со Мароко заслужено победија и покажаа дека се во врвот на светскиот фудбал. Србија од друга страна немаше среќа и беше во вистински хаос. Ме изненадува како некои не можеа да играат против Камерун. Хрватска за разлика од другите земји од регионот, има култ на репрезентацијата и затоа е успешна“, вели Савичевиќ.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина