Четиринаесетгодишно девојче од САД, чие исчезнување било пријавено во 2021 година, повторно се среќава со нејзиниот татко, откако полицијата ја нашла жива и бремена – во гардероберот.
Јавноста ја предупредила полицијата да гопретресе домот во Порт Хурон, Мичиген.
Но и покрај дојавата, потрагата не течела лесно.
Станарите во куќата „жестоко негирале дека ја виделе“ и на полицајците им дале „лажни информации“, пишува британски „Мирор“.
Меѓутоа, полицијата ја нашла врзана во плакарот во ходникот, на само неколку метри од местото каде што двајца мажи гледале телевизија, тврдејќи дека не знаеле каде е.
Заменик началникот на полицијата Роберт Вотсон откри дека девојката била многу вознемирена.
„Плачеше и беше доста исплашена. Не била сигурна што ќе и се случи“, раскажува тој за „Детроит фри печат“ додавајќи дека не смееле да влезат внатре.
„Не ни дозволија да разговараме со никој во куќата, што беше лош знак за нас. Госпоѓата рече „Врати се со налог за претрес“. Така направивме“, вели тој.
Тој додава дека девојката била пренесена во болница на преглед, каде било утврдено дека е бремена, изјави Вотсон.
Службата за заштита на децата соопшти дека нејзиниот татко бил многу среќен што тинејџерката била пронајдена.
„И малото девојче беше среќно што повторно се соедини со нејзиниот татко. – Сакам да бидам со татко ми. Сакам да бидам со татко ми – постојано повторуваше таа“, додава тој.
„Кога можеш да донесеш дете дома кај неговото семејство, особено кога го нема година и пол, едноставно не можев да замислам низ што минува, затоа ми е толку важна оваа мисија“, рекол полицаецот.
Официјални лица изјавија за „Детроит фри прес“, пренесува Мирор, дека поднеле случај за киднапирање против мајката на девојчето, која го имала старателството над тинејџерката.
Властите веруваат дека мајката ја пронашла тинејџерката откако исчезнала и почнала да ја подведува. Може да бидат обвинети и станарите во куќата.