Нови земјотреси околу турскиот град Кахраманмарас!
Европскиот центар за снимање земјотреси (EMSC) наведува дека станува збор за серија нови земјотреси во близина на овој турски град.
Сега е регистриран земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала, на 15 километри јужно од градот. Регистриран е во 13:10 часот.
#Earthquake (#deprem) M3.4 strikes 15 km S of #Kahramanmaraş (#Turkey) 9 min ago. More info: https://t.co/Uc7qt1yGez
— AllQuakes – EMSC (@EMSC) February 11, 2023
40-тина минути претходно му претходеше посилен удар од 4,7 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на 66 километри северозападно од градот.
Оваа област непрекинато се тресе изминативе неколку дена.
#Earthquake (#deprem) M4.7 strikes 66 km NW of #Kahramanmaraş (#Turkey) 6 min ago. More info: https://t.co/xurHTVKqnQ
— AllQuakes – EMSC (@EMSC) February 11, 2023
Во разорните земјотреси што го погодија југот на Турција и северозападниот дел на Сирија, според досегашните податоци, загинале над 24.000 луѓе.
Најмалку 20.665 луѓе загинаа во Турција, а 80.088 се спасени по двата силни земјотреси што во понеделникот го потресоа јужниот дел на земјата.
Повеќе од 3.300 луѓе загинаа во Сирија, додека повеќе од 5.000 луѓе се повредени по серијата земјотреси.