Утрински Весник
Магазин

Глувче од Калифорнија постави Гинисов рекорд за долговечност

Глувче од Калифорнија постави Гинисов рекорд за долговечност

Џебниот глушец од Пацификот наречен Пет по актерот од „Ѕвездени патеки“ Патрик Стјуарт во средата постави Гинисов рекорд како најстар жив глушец во човечка нега на зрела старост од 9 години и 209 дена, објави Алијансата за диви животни на зоолошката градина во Сан Диего по сертификацијата, објави агенцијата АП.

dobivaj vesti na viber

Миленичето е родено во сафари паркот во зоолошката градина во Сан Диего на 14 јули 2013 година, како дел од програмата за размножување и зачувување на видовите, соопшти Алијансата.

Со тежина помала од 5 грама, пацифичкиот џебен глушец е најмалиот вид на глувци во Северна Америка и е именуван по торбите што животните ги користат за носење храна и материјали за гнездење. Овој вид на глувци некогаш бил широко распространет од Лос Анџелес на југ до долината на реката Тихуана, но популацијата се намалила по 1932 година поради човечки фактори и уништување на живеалиштата.

Се сметаше дека глувчето е исчезнато пред 20 години се додека малите изолирани популации не беа повторно откриени во 1994 година во Дана Поинт во округот Оринџ, но видот и понатаму е загрозен, соопшти Алијансата.

Во 2012 година, таа организација започна програма за размножување за да го спаси глувчето од истребување. Минатата година се родиле 117 младенчиња во рекордни 31 легло. Многу од глувците ќе бидат пуштени назад во дивината оваа пролет, се вели во соопштението.

Нова популација на џебни глувци од Тихиот Океан се насели во паркот Лагуна Кост Дивина во округот Оринџ и глувците почнаа да се репродуцираат без човечка помош во 2017 година.

Иако не добива толку публицитет како поголемите и поважните видови, овој вид на глувци е важен фактор во екосистемот, бидејќи ги распрснува семето на домашните растенија, а нивното копање го поттикнува растот на растенијата.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста