Утрински Весник
Свет

Претседателот на Сирија ги обвинува западните земји дека ја политизираат хуманитарната катастрофа

Претседателот на Сирија ги обвинува западните земји дека ја политизираат хуманитарната катастрофа

Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска ги обвини западните земји дека ја политизираат хуманитарната криза во Сирија по земјотресот што се случи на 6 февруари.

dobivaj vesti na viber

Асад накратко разговараше со новинарите во уништената населба Машарка во Алепо, за време на неговата прва посета на областа каде што се случи земјотресот со јачина од 7,8 степени.

„Западот нема хуманост, така што политизацијата во Сирија е нешто што природно би го направиле“, рече сирискиот претседател.

Разорната штета на Алепо, вториот по големина град во Сирија, ги зголемува неволјите на градот разурнат од војна.

За време на денешната посета Асад ја посети и болницата во Алепо, а потоа се сретна со спасувачите кои вчера од урнатините извлекоа седум живи луѓе и телата на 44 мртви.

Тедрос Аданом Гебрејесус, директор на Светската здравствена организација и д-р Мајкл Рајан, шеф за итни случаи на СЗО, исто така пристигнаа денеска во Алепо за да помогнат во координацијата и поддршката на испораката на хуманитарна помош.

Можете да прочитате

Мерц вети соработка со идниот француски претседател, без оглед на изборниот исход

Американската војска тврди дека уништила набљудувачка кула во иранското пристаниште Чабахар

Земјотрес од 7,4 степени регистриран крај брегот на Мексико во близина на Гватемала, издадено предупредување за цунами