Утрински Весник
Свет

Кличко: Целта на Русија е цела Украина

Кличко: Целта на Русија е цела Украина

Цел на Русија е цела Украина, но Киев нема да се согласи на тоа и ќе седне на преговарачка маса кога и последниот руски војник ќе ја напушти земјата, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

dobivaj vesti na viber

„Киев беше и останува цел на агресорите. Киев е срцето на Украина. Тој е главен град и главна цел. Целта на Русија е цела Украина. Тие ја сакаат целата земја“, предупреди градоначалникот на Киев.

Кличко рече дека Киев ќе седне на преговарачка маса само под еден услов – „кога последниот руски војник ќе ја напушти Украина“.

Русија денеска почна нов бран ракетни напади врз енергетската инфраструктура ширум Украина, што предизвика прекин на електричната енергија и ограничени водоснабдувања. Киев побара дополнително оружје од западните земји.

„И денес е многу важно, покрај силата на духот, која не ни треба да ја позајмуваме, да имаме и модерно оружје“, изјави Кличко.

Можете да прочитате

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците