Утрински Весник
Свет

Шефот на „Белите шлемови“: Ниту една помош од ОН не стигна до северот на Сирија

Шефот на „Белите шлемови“: Ниту една помош од ОН не стигна до северот на Сирија

Шефот на сириската група „Бели шлемови“, Раед ал-Салех, денеска ги обвини Обединетите нации дека не доставуваат соодветна хуманитарна помош до областите во Сирија, кои се под контрола на бунтовниците, а кои беа разурнати од силниот земјотрес.

dobivaj vesti na viber

Салех, кој ја предводи групата, рече дека областа не добила никаква помош од ОН за чистење на последиците од земјотресот што ја погоди Сирија во понеделникот.

Тој додаде дека шесте камиони, кои во четвртокот ја преминале границата со Сирија, биле редовна испорака, не се поврзани со земјотресот, и дека исто така и таа доцнела, пренесе „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Оружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети

Путин: Украинските дронови оштетија околу сто руски бродови

Калас: Обидот за напад со дрон во Германија има карактеристики на државно спонзориран тероризам