Утрински Весник
Македонија

Скопските пожарникари извлекуваат жртви под урнатините во Турција, Град Скопје подготвен да помогне и повеќе

Скопските пожарникари извлекуваат жртви под урнатините во Турција, Град Скопје подготвен да помогне и повеќе

Екипите на Противпожарната единица на градот Скопје се на терен во Газиантеп заедно со останатите спасувачки тимови, напиша на својот фејсбук профил Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.

dobivaj vesti na viber

,,Екипите на Противпожарната единица на градот Скопје веќе се на терен во Газиантеп заедно со останатите спасувачки тимови.Градот Скопје испрати интервентна екипа за помош при спасувачката мисија во Турција, а од градскиот буџет издвоивме шест милиони денари кои ќе бидат испратени преку Црвениот Крст на Македонија во хуманитарни цели за справување со последиците од катастрофалниот земјотрес во Турција и во Сирија.Остануваме во комуникација со локалните власти од Турција, подготвени да помогнеме во секое време согласно нивните потреби. Скопје памети!”, напиша Арсовска.

Можете да прочитате

„Ритамот на душата, бојата на традицијата“ концерт на „Танец“ во Националната Опера и Балет

Приведен кумановец, пронајдени пиротехнички средства, следува пријава

Обвинетиот Камбери фатен со 13 телефони во затвор, судијката му се закани со самица