Утрински Весник
Свет

Сиромашен Азербејџанец наполнил старо возило со работи кои би и биле од помош на Турција

Сиромашен Азербејџанец наполнил старо возило со работи кои би и биле од помош на Турција

Целиот свет се солидаризира со жртвите од силните земјотреси кои ги потресоа Турција и Сирија, а во кои според последните информации загинаа повеќе од 17.000 луѓе. Донациите се собираат во многу земји, вклучувајќи ги и оние каде што луѓето немаат многу. Меѓу нив е и Азербејџан, пренесуваат медиумите во регионот. Вирална стана фотографија од Азербејџанец кој се упатува кон Турција во старо возило натоварено со многу работи кои би им биле од помош на настраданите во земјотресот.

dobivaj vesti na viber

Сопственикот на возилото, Сервер Беширли, неговиот брат Имамверди Беширли и Аскер Мамедов, дадоа изјава за ТВ Иктимаи.

„И ние ја доживеавме оваа катастрофа, зимата бевме без покрив над главата. Без облека и обувки. Го знаеме тоа чувство“, изјави Сервер.

Неговиот брат вели дека не се единствените и дека многу Азербејџанци решиле да испратат помош.

„Бевме сведоци и кога дојде една девојка, го соблече капутот, и го даде и си замина. Се надеваме дека во наредните денови ќе можеме да однесеме и храна“, рече Имамверди.

Можете да прочитате

Во Грузија уапсени над 100 демонстранти

Бунтовниците контролираат половина од градот Алепо

Десничарските популисти стануваат „нова нормалност“ во европската политика