Утрински Весник
Свет

Бајден за Џинпинг: Овој човек има огромни проблеми, економијата не му оди баш најдобро

Бајден за Џинпинг: Овој човек има огромни проблеми, економијата не му оди баш најдобро

Американскиот претседател Џозеф Бајден тврди дека минатото лето го предупредил кинескиот претседател Си Џинпинг за последиците доколку ја поддржи Русија.

dobivaj vesti na viber

Оваа верзија американскиот лидер ја претстави во средата, во интервју за американската телевизиска компанија Би-Би-Си, наведувајќи дека го предупредил кинескиот претседател дека западните инвестиции во земјата ќе бидат стопирани доколку Пекинг ја поддржи Москва во спроведување на специјална воена операција во Украина.

Зборувајќи за Кси Џинпинг, Бајден рече:

„Овој човек има огромни проблеми. Тој исто така има голем потенцијал. Но, засега, економијата не му оди баш најдобро“.

Американскиот лидер исто така рече:

„Сите очекуваа Кина да биде целосно со Русија по прашањето за Украина“. Според мислењето на Бајден, тоа не е случај сега.

„Всушност, му се јавив летото да му кажам:

Ова не е закана, ова е забелешка. Погледнете што се случи со Русија. 600 американски корпорации ја напуштија Русија – од Мекдоналдс до Ексон (Мобил)“, продолжи Бајден.

Според американскиот лидер, тој на кинескиот претседател му го кажал следново:

„Отсекогаш ми зборувавте дека ви требаат добри односи со САД и Европа за тие да инвестираат во Кина. Значи, кој ќе инвестира во Кина ако учествувате во тоа?”.

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата