Утрински Весник
Спорт

Братот на Меси: Никој немаше слушнато за Барселона пред да дојде Лео

Братот на Меси: Никој немаше слушнато за Барселона пред да дојде Лео
Img 5587

Лионел Меси го поставил името на Барселона на светската фудбалска сцена, тврди неговиот брат Матијас Меси, кој додава дека никој не слушнал за клубот додека во него не заиграл големиот Лео.

dobivaj vesti na viber

„Не знам какво е вашето мислење, но Барселона стана позната благодарение на Меси. Никој не знаеше за нив претходно. Кој имал шанса да оди во Барселона, нека го посети нивниот музеј, можете да видите дека тој музеј е само Меси“, вели Матијас.

Img 5587

Тој исто така посочи дека Лео нема да се врати во Барселона бидејќи тоа ќе значи крај за претседателот Жоан Лапорта.

„Не се враќаме во Барселона, и ако го направиме тоа, ќе треба да исчистиме таму. Меѓу другите, да го исфрлиме Жоан Лапорта. Луѓето во Барселона не го поддржаа Лео. Требаше да протестираат, Лапорта да замине, Меси да остане. Шпанците се предавници“, додава Матијас Меси.

Барселона има освоено 26 титули од Ла лига, од кои повеќето беа освоени пред Меси да пристигне на „Ноу Камп“, а во клубот играле легенди како Јохан Кројф, Пеп Гвардиола, Роналд Куман и Патрик Клајверт. Секако, славата на каталонскиот клуб не започнала со момчето од Росарио.

Ss1

Можете да прочитате

Пол-позицијата на Ферстапен пред спринт трката во Мајами

УЕФА го зголеми бројот на играчите за ЕП 2024

Надал ги демантираше гласините за пензионирање по Ролан Гарос