Утрински Весник
Свет

Баба од САД до смрт ја претепала 8-годишната внука

Баба од САД до смрт ја претепала 8-годишната внука
Dik 300x250 mk

Патриша Ен Рикс (72) од САД е уапсена и обвинета за убиство на нејзината осумгодишна внука. Имено, постои сомневање дека таа до смрт го претепала девојчето, кое набрзо по приемот во болница починало.

dobivaj vesti na viber

„Врз истрагата, утврдено е дека осумгодишната малолетничка била толку многу претепана од нејзината баба што девојчето починало од повредите“, се вели во полициското соопштение и се додава дека детето има сериозни повреди по целото тело и глава, пишува Индекс.хр.

Инаку, Рикс беше законски старател на осумгодишното девојче, како и старател на неколку нејзини браќа и сестри.

Полицијата ја уапси Ен Рикс и ја обвини за убиство од прв степен и злоупотреба на деца.

Моментално е во притвор, а засега не се познати мотивите за нападот. До завршување на истрагата, браќата и сестрите на девојчето ќе бидат под надзор на социјалната заштита.

Можете да прочитате

Во Франција најмалку петмина повредени откако намерно биле удрени од автомобил

Португалските власти запленија подморница со 1,7 тони кокаин

Трет обид за покорување на Русија може да ја уништи Европската Унија