Утрински Весник
Свет

Одат меѓу телата покриени со кеси барајќи ги имињата на своите најблиски на налепниците

Одат меѓу телата покриени со кеси барајќи ги имињата на своите најблиски на налепниците

Турските граѓани гледаа додека спасувачките и медицинските екипи, кои пристигнаа два дена по земјотресот, извлекуваат безживотни тела од урнатините во Антакија, главниот град на турската провинција Хатај.

dobivaj vesti na viber

Областа сега е преполна со копачи и машини за копање, но пред 12 часа очајните жители бараа залихи од волонтерски камион, каде мајките викаа за помош за своите деца, пишува Скај Њуз.

На чистината денеска беа наредени тела завиткани во кеси, а според новинарите на торбите имало и налепници со имиња.

„Има испишани имиња на ознаките и срцепарателно е да се гледаат луѓе кои одат во редот на мртвите за да ги проверат ознаките“, рече дописникот на Скај Њуз.

Новинарот бил сведок на многу шокантна сцена во Антакија.

„Еден човек се свитка покрај телото кога го препозна името. Го видовме како седи покрај телото и тивко липа, одбивајќи да замине“, рече новинарот.

„Има многу гнев кај жителите овде кои сметаат дека властите бавно реагираат. Видовме неколку расправии меѓу жителите на Антакија и оние кои управуваат со копачите бидејќи има несогласувања околу пристапот кон пронаоѓање на заробениците. “ додава дописникот, пренесе Телеграф.рс.

Можете да прочитате

Сајбер-напад создаде хаос на неколку европски аеродроми

Добил сметка за телефон од 37.621 евра поради интернет во роаминг – корисникот тврди едно, операторот друго

Германија на пат кон строга забрана за пушење во возила со деца или бремени жени