Утрински Весник
Свет

„Дојче телеком“ нема да ги наплаќа разговорите меѓу Германија, Турција и Сирија

„Дојче телеком“ нема да ги наплаќа разговорите меѓу Германија, Турција и Сирија

Германскиот телекомуникациски гигант „Дојче телеком“ објави дека нема да наплаќа за разговори меѓу Германија, Турција и Сирија до средината на февруари со цел да ја олесни комуникацијата по страшниот земјотрес, кој однесе илјадници животи. Компанијата нема да наплаќа од корисниците за разговори од 6 февруари ретроактивно до 15 февруари, а сите клиенти на „Телеком“ и на „Конгстар“ ќе бидат ослободени од таксата, се вели во соопштението објавено денеска.

dobivaj vesti na viber

„Фотографиите и извештаите, кои моментно ни пристигнуваат од Турција и Сирија, длабоко нè погодуваат и нè прават тажни. Нашите мисли се со жртвите и нивните семејства“, напиша извршниот директор на „Дојче телеком“, Тим Хотгес, на „Линкедин“. „Сакаме да покажеме солидарност“, додаде Хотгес посочувајќи дека многу работници на „Дојче телеком“ имаат семејни врски со Турција и Сирија.

Повеќе од три милиони германски државјани се со турско потекло, а Германија примила и еден милион сириски бегалци од граѓанската војна. „Дојче телеком“ планира да донира милион евра за хуманитарна помош.

Според моментно достапните податоци, земјотресот однесе повеќе над 11.000 животи во Турција и Сирија.

Можете да прочитате

Русија врати седум украински деца со посредство на Катар

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд