Утрински Весник
Економија

(Видео) Шкријељ: 3,2 милиони евра поддршка за граѓаните за справување со енергетската криза

(Видео) Шкријељ: 3,2 милиони евра поддршка за граѓаните за справување со енергетската криза

СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи продолжува да се грижи за стандардот на сите граѓани, преку мерки за помош при справување со последиците од енергетската криза. За таа цел, во Буџетот на Министерството за економија обезбедени се 200 милиони денари, односно околу 3,2 милиони евра. Продолжува финансиската поддршка за домаќинствата за субвенционирање на сметките за електрична енергија на најранливите категории на граѓани, за што предвидени се 60 милиони денари или околу еден милион евра, изјави на денешната прес-конференција, Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Таа додава дека со оваа мерка, од 600 до 800 денари месечно ќе се субвенционираат сметките за струја на домаќинствата со ниски примања. Јавниот повик е веќе објавен на официјалната страница на Министерството и сите кои ги исполнуваат условите, може да аплицираат до крајот на месец февруари.

Шкријељ наведе дека минатата година преку оваа мерка беа субвенционирани 4.379 домаќинства и исплатени се вкупно 33 милиони денари. Оваа година, мерката е проширена со други социјално ранливи категории на лица како што се корисници на правото на надоместок заради попреченост, самохрани родители кои не се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош и корисници на право на надомест за телесно оштетување.

Таа додава дека оваа година продолжува и финансиската поддршка за домаќинствата за фотонапонски панели, сончеви термални колекторски системи, како и замена на ПВЦ или алуминиумски прозорци. Со ваквите инвестиции во обновливи извори се овозможува граѓаните да ги задоволат потребите за струја, но и да имаат заштеда во време на криза.

За овие три мерки се предвидени вкупно 70 милиони денари или 1,15 милиони евра, рече Шкријељ.

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“