Утрински Весник
Свет

Жена од Германија во куќата живеела со 800 стаорци

Жена од Германија во куќата живеела со 800 стаорци

Жена од Германија живеела со 800 стаорци во нејзината куќа во западната германска покраина Рајнланд-Пфалц.

dobivaj vesti na viber

Минатата недела, државната ветеринарна канцеларија ослободи 400 животни од нејзиниот дом во близина на градот Алтенкирхен.

Ветеринарите во вторникот спроведоа нова операција и ослободија уште 400 животни, но изгледа нема да застанат тука, има уште животни за спасување.

Портпаролот на ветеринарната инспекција за тој реон изјави дека добиле пријава од соседи кои се пожалиле на смрдеата.

Објаснија дека властите постапиле со претпоставка дека жената е зависна од „собирање животни“.

Засега истражителите се уште не одлучиле дали ќе поднесат пријава против жената.

Германското здружение за заштита на животните и други сродни групи се грижеа за нејзините стаорци и им обезбедија ветеринарна нега. Тие имаат намера да најдат посвоители низ цела Германија.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking