Утрински Весник
Магазин

(Видео) Претставничката на Норвешка на Евросонг 2023 завладеа на „Тик-ток“

(Видео) Претставничката на Норвешка на Евросонг 2023 завладеа на „Тик-ток“
Img 5587

На претстојниот Избор за песна на Евровизија во Ливерпул, Норвешка ќе ја претставува музичарката Алесандра со песната Queen of Kings.

dobivaj vesti na viber

Италијанско-норвешката пејачка  го освои Melodi Grand Prix, норвешка верзија на националeн избор, со песна која веќе забрзано се искачува на глобалните топ листи на „Спотифај“.

Ss1

Queen of Kings го зазеде и седмото место на кладилниците на Евросонг, а за неа најмногу се зборува на „Тик-ток“ каде стана хит.

На профилот со корисничко име Passione Eurovision е објавен клип од песната на Алесандра, а видеото е прегледано повеќе од 2.5 милиони пати во еден ден.

Во коментарите луѓето ги напишаа своите впечатоци, многумина се воодушевени од норвешката претставничка и ја предвидуваат нејзината победа.

„Песната пред некој ден се појави на ‘Спотифај’ и оттогаш не ја гасами“, „Ова е само за Евросонг, ми се допаѓа“, „Дами и господа, еве го победникот на Евросонг 2023“, „Дефинитивно победникот, денеска по петти пат ја слушам“, „Ова не го очекував, песната е предобра“, се само дел од коментарите.

Алесандра (20) има италијанско и норвешко потекло. Поголемиот дел од животот го поминала во Италија, но по завршувањето на средното училиште решила да живее во Норвешка.

Инаку, интересно е што Норвешка досега беше меѓу  најнеуспешните земји во историјата на натпреварувањето. Таа се најде на дното на семафорот дури единаесет пати. Сепак, победи 3 пати, во 1985, 1995 и 2009 година.

Ss1

Можете да прочитате

Масло од авокадо за здрава и бујна коса

Ова се најздравите зеленчуци на сите времиња

Мет Дејмон откри на кој актер му должи сé во животот