„Почетокот на преговорите со ЕУ носи видливи и конкретни резултати. Европската комисија даде предлог за макрофинансиска помош до 100 милиони евра за Северна Македонија, односно поддршка за економијата за следните две години“ соопштија од СДСМ.
Од партијата велат дека „помошта ќе придонесе и за покривање на финансиските потреби на Северна Македонија поддржувајќи ја и фискалната одржливост и структурните реформи, нејзиното спроведување ќе биде дефинирано заеднички со ЕУ, преку Меморандум за разбирање“.
„Меморандумот за разбирање најверојатно ќе се фокусира на реформите на политиките во областите на фискалното управување, даночната политика, управувањето со јавните инвестиции, јавно-приватните партнерства, деловното опкружување, транспарентноста во државната помош, енергетската ефикасност, реформите во судството и борбата против корупција. Со ова уште еднаш се докажува кој стои до Северна Македонија во тешки времиња и во време на економска и енергетска криза“ се вели во партиското соопштение.