Утрински Весник
Магазин

(Видео) Антонио Бандерас открива дека неговиот лик во „Индијана Џонс 5“ е сојузник

(Видео) Антонио Бандерас открива дека неговиот лик во „Индијана Џонс 5“ е сојузник
300x250 (7)

Мачорот во чизми на Антонио Бандерас ги натера гледачите да молат за милост, но неговиот лик во „Индијана Џонс и бројчаник на судбината“ не е само со остри заби и канџи.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за „Инсајд тотал филм“, Бандерас открива дека неговиот лик игра многу мала улога и е пријател на славниот Индијана Џонс кого го глуми Харисон Форд, еден и единствен, како што го нарече.

Img 5587

Бандерас говореше и за своето искуство со работа со Форд, негова икона уште од детството, и за возбудата што еден ден ќе го сподели филмот со своите внуци.

„Беше прекрасно само да бидеш блиску до него. Некои денешни интервјуери ми велат: О, боже, имав седум години кога излезе ‘Шрек 2’, а сега имам 27 години и ве интервјуирам и од тогаш ги гледам вашите филмови“.

„Истата работа ми се случи со Харисон. Се сеќавам на првиот пат кога го гледав ‘Индијана Џонс’ и откачив“, рече актерот. „Самото тоа што сум таму. Самото тоа што моето име е поврзано со Индијана Џонс е нешто големо. Ако мојата ќерка некогаш добие бебе, можам да ѝ кажам: еј, дедо направи филм со Индијана Џонс“.

Во режија на Џејмс Менголд, петтото продолжение со оригинален наслов Indiana Jones and the Dial of Destiny прикажува како Форд се враќа во својата легендарна улога на археолог авантурист и се бори со своите стари непријатели, нацистите.

Филмот треба да пристигне во кината на 30 јуни 2023 година и, најверојатно, е големото збогување на Харисон Форд со познатиот авантурист археолог имајќи предвид дека актерот веќе наполни 80 години.

Ss1

Можете да прочитате

Бојата на јазикот може да предупреди на рак или дијабетес, тврдат научниците од Харвард

Овие пијалоци и храна може да предизвикаат мигрена

Во посета на Бимилк 200 деца од градинката „Пролет“ се запознаа патот на млекото