Земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтер рано утринава ја погоди јужна Турција и според првичните податоци е почувствуван во голем дел од земјата како и во неколку земји во регионот, вклучително и соседна Сирија.
Официјалниот број на загинати, според последните информации, низ Турција и Сирија сега е повеќе од 300, а речиси 2.000 се повредени. Во тек е голема спасувачка операција.
Deprem hemen sonra AFAD’dayız.
#İstanbul‘dan #deprem bölgesine İLK ETAPTA 80 AFAD görevlisi, 27 akredite belediye ve STK, 968 Arama Kurtarma gönüllüsü, 4 K9 köpeği, 2 TIR ve yardım malzemesi yola çıktı.Başımız sağ olsun.
Yaralılarımıza acil şifalar diliyorum.#Kahramanmaraş pic.twitter.com/ub2dGjpNub— Ali Yerlikaya (@AliYerlikaya) February 6, 2023
Според Американскиот сеизмолошки институт USGS, катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтер се случил во 04:17 часот по локално време на длабочина од приближно 17,9 километри. Се стравува дека бројот на жртви може да биде многу поголем бидејќи за време на земјотресот повеќето луѓе спиеле.
Епицентарот на земјотресот бил во областа Пазарџик, во провинцијата Кахраманмарас на југоистокот на земјата.
Најмалку 18 последователни потреси со магнитуда поголема од 4 степени се регистрирани по силниот земјотрес што рано утринава ја погоди јужна Турција, соопшти Геолошкиот институт на Соединетите држави (USGS). УСГС објави дека забележал седум земјотреси со јачина над 5 степени.
Најсилниот последователен потрес до сега се случил само 11 минути по првиот земјотрес и бил со јачина од 6,7 степени, соопшти USGS. Експертите велат дека силните последователни потреси најверојатно ќе продолжат со часови или дури и денови.