Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Не успеа сценариото на агентите на хаосот, Мицкоски и Апасиев

СДСМ: Левица и Апсиев се реална закана за европскиот пат, Мицкоски е нивни заложник
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Институциите на системот и покрај сите предизвици, обезбедија достоинствено и гордо да се оддаде почит за ликот и делото на македонскиот великан, визионер, револуционер, Гоце Делчев, соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„ Граѓаните и државата не дозволија да се погази придонесот и значењето на Гоце Делчев, не дозволија да се повреди националната гордост и чувства на македонскиот народ, не дозволија злоупотреби за политичките валканици на агентите на хаосот“ се вели во соопштението.

Оттаму додаваат дека пропаднале обидите на Мицкоски, Апасиев и ВМРО-ДПМНЕ, заедно со нивните истомисленици од другата страна на границата и бугарското ВМРО, да се случи хаосот на којшто работеа.

„ Ќе остане запаметено дека лажните патриоти од ВМРО-ДПМНЕ и заложникот на Апасиев, Христијан Мицкоски, се обидоа да го поделат народот, да го извалкаат делото на Делчев и тоа не им успеа.

Сега е важно да продолжиме по вистинскиот, европскиот пат на единство и сплотеност за државните и национални интереси. Само така може да ги оствариме нашите заеднички цели“ порачаа од владејачката партија.

Можете да прочитате

Ограничен број билети за македонската премиера на ,,Силјан”

Претрес во битолско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

Жител на Албанија приведен откога оставил пари на биро на Ќафасан, поткуп на граница