Утрински Весник
Македонија

(Видео) Надлетува хеликоптер, стотици полицајци, барикади и проверки пред Свети Спас за чествувањето на Гоце Делчев

(Видео) Надлетува хеликоптер, стотици полицајци, барикади и проверки пред Свети Спас за чествувањето на Гоце Делчев

Стотици полицајци, неколку точки за преглед и проверка, претреси на чанти.

dobivaj vesti na viber

Вака изгледа влезот во црквата Свети Спас утрово. Пристапот е ограничен. Настанот е од висок ризик.

Центарот на Скопје го надлетуваат и хеликоптери. Стража има десетици точки.

Прславата за 151 година од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев ќе тече под строги протоколи и со акредитации.

Македонски, но и бугарска делегација ќе оддадат почит на великанот во црквата Свети Спас. Официјалниот настан почнува во 9 часот, кога претседателот Стево Пендаровски ќе положи цвеќе пред гробот на великанот. Но пред него, во црквата Свети Спас ќе треба да се појави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со делегација од партијата.

Според агендата до која дојде „Макфакс“, Мицкоски ќе биде во Свети Спас во 8:30 минути. По него и Пендаровски, а потоа ќе дојде и собраниската делегација. Неа не ја предводи претседателот Талат Џафери туку потпретседателот Горан Мисоски. Во нејзин состав се и Снежана Калеска-Ванчева од СДСМ и Љупчо Пренџов од ГРОМ.

Делегација ќе има и од Владата. Неа ќе ја предводи премиерот Димитар Ковачевски. Во нејзин состав ќе се вицепремиерот Артан Груби, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Засега, не е познато кога делегацијата од Бугарија ќе оддаде почит на гробот на Делчев. Делегацијата ќе ја предводи вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев кој ќе положи свежо цвеќе.

Можете да прочитате

Ранѓеловиќ: На фронтот во Украина се борат и платеници од Колумбија

Мицкоски: Не сум импресиониран од ова раководство на СДСМ

Мицкоски не бил импресоиниран од новото раководство на СДСМ