Утрински Весник
Свет

Бил Гејтс: Повеќе би сакал да трошам на вакцини отколку да патувам на Марс

Бил Гејтс: Повеќе би сакал да трошам на вакцини отколку да патувам на Марс
Dik 300x250 mk

Милионерот Бил Гејтс рече дека повеќе би сакал да троши на вакцини отколку да патува на Марс бидејќи смета дека тоа не е добар начин да се користат пари.

dobivaj vesti na viber

„Всушност, прилично скапо е да се оди на Марс. Можете да купите вакцини против сипаници и да спасите животи за 1.000 долари од човек.

Основачот на „Спејс икс“, Илон Маск, изјави дека сака да го колонизира Марс, а основачот на „Амазон“, Џеф Безос, исто така се приклучи на вселенската трка.

„Спејс икс“, ракетна туристичка компанија основана од Маск во 2002 година, меѓу другото, како крајна цел си постави испраќање летови со екипаж на Марс и колонизација на таа планета.

Гејтс, коосновачот на „Мајкрософт“, исто така верува дека вештачката интелигенција ќе го трансформира човештвото доста драматично: „Тоа ќе ни помогне да ги истражиме медицинските и научните прашања. Не се работи само за роботите, туку помага и за читање и пишување. Всушност, има повеќе напредок од роботите. И двете ќе ни дадат многу поголема продуктивност“.

Гејтс зборуваше и за тоа колку бил изненаден што станал цел на теории на заговор за време на пандемијата на Ковид-19. „Не го очекував тоа“, рече тој мислејќи на сугестиите дека профитирал од вирусот или самиот го почнал, пренесе „Индекс.хр“.

Можете да прочитате

Американскиот притисок го спречи договорот: „Гунвор“ ја повлече понудата за купување на „Лукоил“

Средба на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан

Акционерите на „Тесла“ одобрија пакет за компензација од еден трилион долари за Маск