Утрински Весник
Македонија

(Видео) Халили: Не е првпат Бугарија да ја осудува Македонија, во своја куќа можеш секој ден да правиш свадба

(Видео) Халили: Не е првпат Бугарија да ја осудува Македонија, во своја куќа можеш секој ден да правиш свадба

Не е првпат Бугарија да донесе декларација со осуда за Македонија. Ова во интервју за „Макфакс“ го вели Мухамед Халили, претседател на Советот на амбасадорите, а откако денеска бугарскиот парламент го осуди насилството врз македонските Бугари во Македонија, како и омаловажувањето на проблемот со правата и безбедноста на Бугарите во Македонија. Според Халили, Бугарија може дома да прави што сака, а битката треба да ја бие пред ЕУ.

dobivaj vesti na viber

„Не е првпат тие да усвојат таква декларација. Никој не им брани тоа да го прават, под услов, тие тоа да го бараат кај меѓународните институции. Ти во твоја куќа можеш секој ден да правиш свадба, но кога ќе се соочат аргументите кај комесарот за малцински прашања од ОБСЕ, кај Совет на Европа каде имаме неколку резолуции за незапишување на македонските друштва во нивните закони – друго ќе мисли светот, нема да ги земе бугарските аргументи“, кажа Халили.

За случајот со претепаниот Пендиков, македонски државјанин кој се декларира како Бугарин, смета дека министерот Бујар Османи не направил грешка што отишол да го посети во Бугарија, иако јавноста тоа го смета за т.н. коленичење.

„Ние не треба да мислиме дека сите паметни луѓе треба да ги најдеме во Бугарија. Ова е нивна класична грешка и класична недозволива метода на третирање на овој проблем. Нашата кривица е во тоа што ние не сме седнале со водачите на тие клубови и како наши државјани, граѓани, да ги третираме нивните проблеми. Проблемот на нивната интеграција во македонското општество треба да биде преку взаемен дијалог“, објаснува Халили, запрашан како гледа на случајот со претепаниот секретар на бугарскиот клуб Христијан Пандиков.

Според него,  треба да се разговара со Бугарите кои имаат македонско државјанство и да се слушнат маките, а Бугарија ако не е задоволна од ваков пристап да си бара решение пред меѓународните институции.

Можете да прочитате

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против Милчо Манчевски за сомнителни трансакции од 950.000 евра

Советници од СДСМ во општина Кавадарци бараат одговори за работењето на Ски центарот „Михајлово“

Љубчо Георгиевски: Ванчо Михајлов не бил фашист