Утрински Весник
Македонија

Герасимовски: Одлично напредува изградбата на градинката „Пролет“, 40 отсто од градежните работи се готови

Герасимовски: Одлично напредува изградбата на градинката „Пролет“, 40 отсто од градежните работи се готови

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во градежните работи на градинката „Пролет“, која е прва градинка во истоимената населба и прва градинка по цели 50 години во општина Центар. Се информира за текот на градежните зафати и за напредокот на самата градба.

dobivaj vesti na viber

„Одлично се одвива динамиката за изградба на најмодерната градинка во општина Центар, градинката ‘Пролет’. Со градежни работи почнавме во јули минатата година и градбата напредува, во моментот околу 40 % од градежните зафати се готови. Градинката ‘Пролет“ ќе се простира на површина од 3.276 квадратни метри, ќе биде на две нивоа со капацитет за згрижување 150 деца во 9 занимални. Ќе располага со лифт и надворешно игралиште до кое може да пристапат и деца со попреченост во движењето, атриум, просторија за лекар со изолација за дете и сопствена кујна со трпезарија за свежо приготвена и здрава храна за дечињата“, посочи Герасимовски.

Изградбата на градинката е целосно финансирана од Општина Центар и ќе чини околу 2,5 милиона евра. Со изградбата на оваа градинка, која е единствена во населбата Пролет, Општина Центар решава огромен неколкудецениски проблем за родителите што децата на згрижување ги носат во соседните населби. Изградбата на градинката е целосно финансирана од Општина Центар и ќе чини околу 2,5 милиона евра.

Општина Центар останува посветена и фокусирана во реализирање проекти за сите граѓани вклучувајќи ги и најмладите.

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот до граничниот премин Блаце, укинати сите ограничувања

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила