Утрински Весник
Свет

Лаен и Борел пристигнаа на самитот Украина – ЕУ: Убаво е да се вратиш во Киев

Лаен и Борел пристигнаа на самитот Украина – ЕУ: Убаво е да се вратиш во Киев

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, и високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел, денеска пристигнаа во Киев, каде што ќе присуствуваат на самитот Украина – ЕУ.

dobivaj vesti na viber

„Убаво е што се вратив во Киев. Ова е моја четврта посета од инвазијата на Русија. Овој пат со мојот тим на комесари“, напиша Фон дер Лаен во објавата на социјалната мрежа „Твитер“.

Таа додава дека дошла во Киев за да покаже дека „ЕУ стои на Украина цврсто како и секогаш“ и дополнително да ги продлабочи поддршката и соработката на Украина во ЕУ. Десетици највисоки претставници на ЕУ денеска пристигнаа во Киев со ветувања за поголема воена, финансиска и политичка помош, пренесува „Ројтерс“.

Највисоките членови на извршната Европска комисија на ЕУ денеска ќе се сретнат со своите колеги во украинската влада. Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, и Урсула фон дер Лаен утре ќе се сретнат со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Утрешниот самит Украина – ЕУ е првиот собир од висок профил во главниот град на Украина од почетокот на војната на 24 февруари 2022 година.

За време на состаноците планирани се дискусии за испраќање дополнителна воена помош за Украина, подобрување на пристапот на украинските производи на пазарот на ЕУ, помагање на Украина да ги покрие своите енергетски потреби, воведување нови санкции против Русија, гонење на раководството во Москва за воени злосторства и други теми.

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина