Утрински Весник
Спорт

ПСЖ на Баерн без Килијан Мбапе

ПСЖ на Баерн без Килијан Мбапе

Загрижувачки вести доаѓаат од Франција за навивачите на ПСЖ. Одличниот напаѓач и најголема ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе се повреди на натпреварот од 21. коло на францускиот шампионат против Монпелје (3:1). Според „Лекип“, тој го повредил коленото и речиси сигурно ќе го пропушти првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн, а голема е веројатноста да не игра и во реваншот.

dobivaj vesti na viber

Од друга страна, тренерот Кристоф Галтие тврди дека повредата не е сериозна.

„Што се однесува до Килијан, тој доби удар во коленото коленото, а потоа и во мускулот. Дали е тоа само модринка или хематом? Сè уште не знаеме. Сепак, јасно е дека не може да ризикува бидејќи имаме многу густ распоред и ни претстојат важни натпревари“, изјави Галтие.

Наспроти оваа изјава на Галтие, Мбапе на новинарите им открил дека не се чувствува добро.

„Многу боли“, рекол Мбапе.

На натпреварот против Монпелје, се повреди уште еден важен играч на парижаните. Натпреварот пред време го заврши ветеранот Серхио Рамос.

„Серхио излезе бидејќи не сакавме да ризикуваме со повредата на адукторот“, изјави Галтие.

Натпреварот помеѓу ПСЖ и Баерн ќе се одигра на 14. февруари.

Можете да прочитате

Димитријевиќ пред потпис со Олимпија Милано

ПСЖ е подготвен за сите варијанти само да ја мине Борусија

Репрезентативец на Словенија пристигнува за рекордна сума на „Сан Сиро“