Утрински Весник
Магазин

Остри критики за ‘Spare’: Дали Хари бил под притисок да „исфрли отров“ во своите мемоари?

Остри критики за ‘Spare’: Дали Хари бил под притисок да „исфрли отров“ во своите мемоари?

Во мемоарите на принцот Хари има некои откритија кои јавноста и печатените медиуми во Британија не ги прифатија благонаклоно.

dobivaj vesti na viber

Габи Хинслиф, писателка за британски „Гардијан“, вели дека книгата се оддалечува од прашањата од незгоден јавен интерес и се претвора во перење валкани алишта во јавност. Но, тука се отвора прашањето дали принцот бил под притисок да „исфрли отров“ како што сугерира една критика.

Хари и Меган му се отворија на светот преку книги, серии и интервјуа за да ја објаснат својата страна на приказната. Ова се некои од најжестоките критики за војводата и војвотката од Сасекс.

Мемоарите на Хари беа објавени на 10 јануари. Имаше протекување на книгата во Шпанија каде прерано беше ставена на полиците. И така, штетата беше направена и луѓето имаа добар увид во содрината на книгата пред да излезе во светски рамки.

Што кажа јавноста?

„Мирор“ направи анкета, барајќи од своите читатели да гласаат. Прашањето беше „Дали ќе ги читате мемоарите на принцот Хари?“ Резултатите беа, без сомнение, јасни – Не.

Анкетата во тоа време покажа дека само 9% од јавноста ќе ги чита мемоарите на принцот, додека 91% одбиле. Можеби ова не е вистинско претставување на британската јавност, но статистиката овде остава јасна порака.

Книгата беше во продажба на половина цена пред издавањето, што секако не е добар знак за иднината на продажбата. Можеби ова беше причината зошто  брзо стана најпродавана во првата недела од продажбата во Обединетото Кралство.

Според Би-би-си, ова е најдолгата бесна порака некогаш испратена. Британската радиодифузна корпорација живописно ја опиша книгата: „Ова е делумно исповед, делумно наклапање, и делумно љубовно писмо. На некои места се чини како најдолга бесна порака напишана во пијана состојба.

Критиките стигнaa и од јавноста, и од палатата и од весниците.

Исклучително остра критика дојде од Јан Моир, писател за „Дејли мејл“. Набројувајќи ги многуте интервјуа, книги и ТВ-емисии, тој книгата ја нарече „вишна на мувлосана торта“.

„Дејли мејл“ објави и колумна од А.Н. Вилсон, кој книгата ја опиша како вредна за презир, и дело на злоба.

„Донесувајќи ја идиотската одлука јавно да излезе за својот раздор со кралското семејство, Хари без сомнение бил под огромен притисок… да исфрли што е можно повеќе отров… Но, тоа го исфрла него во ужасна светлина. И каква и да му била намерата, ова не нè тера да сочувствуваме со него, туку со кралското семејство,“ напиша Вилсон.

Корисниците на „Твитер“ на Хари му кажаа да замолчи.

Ниту самата јавност не беше премногу среќна. Хаштагот #ShutUpHarry („Хари, замолчи“) стана популарен на „Твитер“ откако протекоа откритијата на мемоарите.

Весникот „Сан“ тврди дека пријателите на Хари го повикале да престане за негово добро.

А „Венити феар“ дознава дека Вилијам можеби никогаш нема да му прости на Хари.

Според публкацијата, палатата реагира – но, засега, неформално. Пријателите на принцот Вилијам рекле дека тој нема да му прости на својот помлад брат што ги открил семејните работи во јавност.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста