Утрински Весник
Свет

Две лица загинаа поради ледена бура во Тексас, откажани над 1.700 летови

Две лица загинаа поради ледена бура во Тексас, откажани над 1.700 летови

Повеќе од 1.700 летови се откажани или одложени во Тексас, а најмалку две лица загинаа на патиштата во американската сојузна држава поради ледена бура и лошо време, соопштија локалните власти.

dobivaj vesti na viber

Повеќе од 1.000 летови беа откажани на главниот американски аеродромски центар во Далас, додека аеродромот „Southwest Airlines“ во тој град откажа повеќе од 560 летови и одложи околу 350, пренесува Ројтерс.

Проблеми со снабдувањето со електрична енергија се пријавени и кај локалните власти, а околу 7.000 корисници пријавиле целосен прекин на електричната енергија, изјави гувернерот на Тексас.

Можете да прочитате

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот