Утрински Весник
Спорт

Жоржињо: Едвај чекам да дебитирам за Арсенал

Жоржињо: Едвај чекам да дебитирам за Арсенал

Новиот фудбалер на Арсенал, Жоржињо изјави дека едвај чека да дебитира за лондонскиот клуб. Бразилецот со италијански пасош се пресели од Челзи во Арсенал. Со клубот од северен Лондон потпиша договор до јуни 2024 година со опција за продолжување на уште една сезона. За овој трансфер Арсенал со бонуси одвои 15 милиони евра.

dobivaj vesti na viber

„Се што можам да ветам е дека ќе дадам се од себе за да го претставам овој клуб што подобро. Многу сум возбуден поради новиот предизвик. Едвај чекам да излезам на теренот. Сè се случи толку брзо. Бев малку изненаден, но ја искористив шансата и го прифатив овој предизвик“, изјави италијанскиот репрезентативец, пренесува официјалниот сајт на Арсенал.

Жоржињо (31) играше за Челси од 2018 година, а претходно играше за Наполи, Самбонифакезе и Верона. За репрезентацијата на Италија постигна пет гола на 46 натпревари.

Арсенал по 19 кола ја предводи Премиер лигата со 50 бодови.

Можете да прочитате

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари

Михајловски: Среќен сум што донесов медал за Македонија