Утрински Весник
Спорт

Њукасл во финалето на Лига купот – ќе играат за прва титула од 1955 година!

Њукасл во финалето на Лига купот – ќе играат за прва титула од 1955 година!

Препородот на Њукасл под водство на новите саудиски газди, како и под менаџерот Еди Хау, продолжува, откако тие со 2:1 го совладаа Саутемптон во вториот меч од полуфиналето на Карабао купот, потврдувајќи дека ќе бидат во финалето на англискиот лига куп во потрага по првата титула од ФА купот од сезоната 1954/55.

dobivaj vesti na viber

Ова исто така е прво финале на Њукасл од 1999 година, кога играа во финалето на ФА купот и загубија од Манчестер јунајтед, кои тогаш ја освоија славната тројна титула.

Њукасл веќе имаа 1:0 предност од првиот меч, но експресно дојдоа до водство преку Шон Лонгстаф во 5. минута, за во 22. минута истиот фудбалер да донесе 2:0 водство и практичен пласман во финалето. Меѓутоа, Саутемптон не се откажаа и во 29. минута намалија преку Че Адамс.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност