Утрински Весник
Македонија

ИО на СДСМ донесе одлука да продолжат разговорите за зголемување на мнозинството со Алијанса

ИО на СДСМ донесе одлука да продолжат разговорите за зголемување на мнозинството со Алијанса
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска вечерва одржа прес-конференција на која кажа дека Извршниот одбор на партијата на денешната седница покрај за повеќе актуелни прашања, разговарал и одлучил приклучување на нов политички субјект – Алијанса за Албанците, покрај постојните политички партнери.

dobivaj vesti na viber

“ Заедничка оценка е дека Алијанса го поддржува концептот за европска Македонија, а со тоа и директно да придонесат кон остварувањето на стратешките, национални и државни интереси за спроведување на реформите и сите потребни чекори за членство во ЕУ преку директно учество.

Извршниот одбор едногласно одлучи, партијата да ги продолжи разговорите со Алијанса врз основа на политички и програмски принципи.

За понатамошните разговори со Алијанса, ИО на СДСМ одреди Работна група во која покрај претседателот ќе учествуваат и: Миле Зечевиќ – генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски – член на Централниот одбор и Јован Митрески – координатор на ПГ на СДСМ.

Зголемување на парламентарното мнозинство. Чекор напред за проширување на сојузот за поддршка на членството во ЕУ со сите реформи, чекори и потребни одлуки.

Јасна диференцијација од двете политички партии во Собранието кои се против ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Кадровско зајакнување и освежување“ истакна Кузеска.

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен