Утрински Весник
Македонија

Средба Османи – Ќучук

Средба Османи – Ќучук

Во рамките на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес оствари средба со европратеникот и известител за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.

dobivaj vesti na viber

Соговорниците разменија мислења за тековниот пристапен процес на Северна Македонија во ЕУ и потребата за забрзана евро-интеграција за сите држави од Западен Балкан во дадениот геополитички контекст. Европскиот пат позитивно ќе влијае врз демократската и економска консолидација на земјите од регионот.

На средбата се разговараше за последните актуелности во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, поврзани со физичкиот напад врз секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков.

Врз севкупната атмосфера во овој период секако не придонесуваат провокативните и навредливи изјави на член на европскиот парламент, нагласи Османи, за што веќе се упатени соодветни официјални реакции.

„Го информирав европратеникот Кјучук за напорите за деескалација на заострената реторика во односите меѓу нашите две држави, и потребата од враќање на позитивната динамика во нашите односи“, изјави Османи.

Нагласи дека и Северна Македонија и Бугарија треба да бидат посветени на интензивирање на политичкиот дијалог, со цел враќање на довербата.

Можете да прочитате

Вечерва земјотрес ја потресе Македонија!

Акција на Скопска Црна Гора: Конфискувани десетици кубни метри нелегални дрва кај Брест и Малино

Родителите на загинатите во „Пулс“ од Штип: Чекориме затоа што вистината мора да излезе на виделина и одговорност мора да има