Интер преговара со Манчестер јунајтед околу евентуалниот трансфер на Хари Мегваер во летниот преоден рок, пишуваат италијанските медиуми.
„Нероаѕурите“ се свесни дека наскоро ќе останат без Милан Шкриниар, кој одби продолжување на договорот и е на прагот да се пресели во ПСЖ, па Мегваер е еден од кандидатите да го замени.
Интер планира да го доведе Мегваер на позајмица, а стоперот е исто така заинтересиран да го напушти„Олд Трафорд“.
Договорот на Мегваер со Манчестер Јунајтед истекува во 2025 година, а оваа сезона тој беше во стартниот тим на само четири натпревари во Премиер лигата. Со низа киксови тој целосно ја загуби довербата на менаџерот Ерик тех Хаг.
Англискиот репрезентативец пристигна во Манчестер јунајтед во 2019 година од Лестер за 87.000.000 евра.