Утрински Весник
Спорт

Евертон го потврди Шон Дајч

Евертон го потврди Шон Дајч
Ss2

Фудбалскиот клуб Евертон потврди дека тимот ќе го води Шон Дајч. Тој со „карамелите“ потпиша две и пол годишен договор.

dobivaj vesti na viber

Еден од најценетите тренери, секако еден од омилените меѓу новинарите, во стручниот штаб ќе ги има Јан Вон и Стив Стоун како и Марк Хауард. Сите работеа со него со години во Барнли.

Img 5587

„Чест е да се биде менаџер на Евертон. Моите соработници и јас навистина сме посветени да му помогнеме на овој голем клуб да се врати на вистинскиот пат. Добро знаеме какви навивачи има Евертон и колку им значи клубот. Подготвени сме да работиме за да им го дадеме тоа што го сакаат“, изјави Дич.

Дајче помина речиси една деценија во Барнли, сега ќе се обиде да го направи речиси невозможното и да го спаси местото на Евертон во Премиер лигата.

Евертон се претпоследни на табелата со само 15 бода од 20 натпревари.

Дајч ќе дебитира на 4.февруари, кога на Гудисон ќе гостува лидерот во лигата, Арсенал.

Ss1

Можете да прочитате

Синер го откажа настапот во Рим поради повреда на колкот

Серхи Роберто ќе потпише нов договор со Барселона

Пол-позицијата на Ферстапен пред спринт трката во Мајами