Клара Чиа Марти, девојката на Жерар Пике, со која ја изневеруваше Шакира, наводно морала да побара помош од психијатар откога пејачката ја прозва во новата песна, пишува весникот „Марка“.
Шпанскиот новинар Саул Ортиз тврди дека Клара се вратила во куќата на своите родители и сега од таму работи.
„Мораше да побегне бидејќи нејзината душевна состојба не е добра. Не ѝ е лесно додека цела Шпанија и светот зборуваат за неа. Мораше да направи чекор понатаму“, изјави новинарот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Клара се преселила кај своите родители за да избега од гневот на Шакира.
„Девојката на Пике ја запираат на улица и ѝ ја пеат песната на Шакира и сите ја препознаваат, но таа, всушност, е многу тивка и срамежлива девојка“.
Пике неодамна на „Инстаграм“ ја објави нивната прва заедничка фотографија, која предизвика многу негативни коментари. Многумина му коментираа дека им ги уништува животите на своите деца и дека треба да се срами од себе.
Но, се чини дека Пике и Шакира се во добри односи бидејќи фудбалерот неодамна беше виден како излегува од нејзината куќа видно расположен откако пејачката го покани на роденденската забава на нивниот десетгодишен син.