Утрински Весник
Спорт

Пандев беше во посета на Црвена Звезда и доби дрес со своето име

Пандев беше во посета на Црвена Звезда и доби дрес со своето име
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, кој ја заврши кариерата, беше во посета на српскиот првак Црвена Звезда, објави клубот на официјалниот сајт. Тој во придружба на претседателот на клубот Светозар Мијаиловиќ ги посети просториите на Црвена Звезда и клупскиот музеј.

dobivaj vesti na viber

„Музејот е прекрасен. Видов сѐ што освои клуб како Црвена звезда, тоа е историја. Секогаш ќе биде запишано во книгите. Трофејот на Лигата на шампионите е врвен успех на секој клуб и фудбалер. Знам колку навивачите на Црвена Звезда го сакаат клубот, за нив Звезда е сѐ. Се надевам дека што поскоро ќе ја освојат Лигата на шампионите, бидејќи Црвена звезда тоа го заслужува“, изјави Пандев.

Горан Пандев во текот на кариерата имаше неостварена желба да заигра за Црвена Звезда и истакнува дека голем дел од неговите сонародници оставиле белег играјќи за клубот.

„За Црвена звезда играа многу играчи од Македонија, но најголема трага оставија лично Дарко Панчев и Илија Најдоски. Ја освоија Лигата на шампионите, што е најголем успех и сон за еден играч, а знаеме колку е тешко. Сигурно е дека се одлични играчи и дека оставија огромен белег во Звезда. Среќен сум што Македонците постигнаа значаен успех со овој клуб“, истакна Горан Пандев.

Можете да прочитате

Пандев со жесток одговор до Мрме: Ајде во пензија, ти помина времето

Тебас: Реал Мадрид создава конфликти во Ла Лига

Почина Васил Рингов  – 24info.mk