Утрински Весник
Спорт

Данска посакува мундијалски хет-трик, Французите бркаат седмо светско злато

Данска посакува мундијалски хет-трик, Французите бркаат седмо светско злато
Ss2

Ракометните селекции на Данска и на Франција ќе имаат вечерва голема финална пресметка во Стокхолм во битката за тронот. Мечот ќе го судат македонски судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, а Данска ќе се обиде да направи нешто што никој не го направил во изминатите 85 години на ракометните мундијали.

dobivaj vesti na viber

Досега ниедна селекција во историјата не успеала трипати по ред да ја освои титулата. Шведска (1954 и 1958), Романија (1961 и 1964 и 1970 и 1974) и Франција (2015 и 2017) досега имаат освоено две првенства по ред, но ниту една немаше можност да игра за третото злато.

Ss1

Данците се актуелни освојувачи, а ќе ја предизвикаат Фрација, која ќе јуриша на седмото светско злато во историјата.

Ss1

Можете да прочитате

Лудница во спринтот во Херез, победи Мартин

Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО

Обрадовиќ и Партизан потпишаа нов договор