Утрински Весник
Свет

Шолц: Ќе разговарам со Путин

Шолц: Благодарение на мерките, имаме добри шанси да ја пребродиме зимата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Рускиот претседател, Владимир Путин, е отворен за контакти со германскиот канцелар Олаф Шолц, иако нема закажан телефонски разговор со него, изјави во неделата портпаролот на Кремљ за државната новинска агенција РИА Новости.

dobivaj vesti na viber

Германија, која најмногу се противеше од сите западни земји за снабдување на Украина со модерни борбени тенкови за да помогне во борбата против руската инвазија, минатата недела рече дека ќе ги испрати своите 14 тенкови Леопард 2 во Киев и ќе им дозволи на сојузничките европски земји да ги испорачуваат.

Таа објава, по која САД им ветија на Киев тенкови М1 Абрамс, го разбесни Кремљ.

„Засега нема закажани разговори (со Шолц). Путин беше и останува отворен за контакти“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе РИА Новости.

Во интервју за берлинскиот дневен весник Тагесшпигел, објавено во неделата, Шолц рече: „И јас повторно ќе разговарам со Путин – затоа што е неопходно да се разговара“.

„Одговорност на Путин е да ги повлече војниците од Украина со цел да се стави крај на оваа ужасна, бесмислена војна која веќе чинеше стотици илјади животи“, додаде германскиот канцелар.

Путин и Шолц последен пат разговарале телефонски на почетокот на декември. Рускиот лидер тогаш рече дека германскиот и западниот однос кон Украина е „деструктивен“ и го повика Берлин да го преиспита својот пристап.

Германија е вториот најголем донатор на воена опрема за Украина по САД, според Институтот за светска економија во Кил, пред другите европски сили како Франција и Британија.

Киев вели дека мировните преговори се можни само доколку Русија престане да напаѓа и ги повлече сите свои сили од украинската почва.

Можете да прочитате

Како ЕУ за 15 години стана „Должничка Унија“ со долг од 670 милијарди евра

Американската армија нападна уште еден брод во источниот дел на Пацификот

Автомобил влета во толпа на светлосна парада во Холандија, најмалку девет повредени