Утрински Весник
Спорт

Македонскиот тандем Начевски – Николов ќе го суди финалето на Светското првенство

Македонскиот тандем Начевски – Николов ќе го суди финалето на Светското првенство

Македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе ја дели правдата во финалето на Светското првенство во ракомет. Во финалниот дуел ќе се сретнат селекциите на Данска и на Франција, а ИХФ одлучи македонските судии да се грижат за одлуките на теренот.

dobivaj vesti na viber

Ова ќе биде трето значајно финале во низа за Начевски и за Николов, кои судеа и на финалните мечеви на ЕП 2020 и на ЛОИ 2021.

Воедно делегирањето е и доказ за нивниот несомнен квалитет и довербата што ИХФ ја има во македонските судии иако во текот на првенството се појавија некои инсинуации од дански медиуми за лажирање натпревари.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност