Утрински Весник
Спорт

Леброн збесна, Беверли им ја носеше камерата на судиите, судиска одлука предизвика хаос

Леброн збесна, Беверли им ја носеше камерата на судиите, судиска одлука предизвика хаос

Леброн Џејмс збесна откако ЛА Лејкерс загубија од Бостон со 125:121 по продолжение. На четири секунди до крајот на регуларниот дел, при резултат 105:105,  Џејмс се упати кон кошот на Бостон за да го постигне победничкиот кош, не беше прецизен, но судиите не досудија прекршок што предизвика жестока реакција.

dobivaj vesti na viber

Џејмс „полуде“, одеше по судијата и се фрли на подот. На крајот отиде до клупата и ја покри главата со крпа. По истекот на времето, соиграчот на Џејмс, Патрик Беверли, ја донесе камерата кај судијата за да му ја покаже спорната ситуација, а тој му даде техничка.

Судијата Ерик Луис по натпреварот призна дека направил грешка и дека Џејсон Тејтум го фаулирал Џејмс. Кога новинарите побараа од Џејмс да ја коментира ситуацијата, тој рече: „Ја видовте мојата реакција“.

Тој потоа одговори на прашањето како да се помириме со судиските грешки кои се случуваат во последно време. „Многу е тешко, не разбирам, не разбирам“.

Тој очекува клубот да преземе нешто за да не се повторуваат ваквите ситуации.

„Тоа се случува почесто во последно време. Мислам, сте виделе како губиме некои натпревари поради судиски грешки. Буквално имавме шанса да победиме. Така беше и против Далас…Можевме да победиме ако беше досуден фаул. Не разбирам што правиме. Гледам кошарка секој ден. Не гледам дека тоа им се случува на другите луѓе, тоа е чудно“, истакна Џејмс.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига