Утрински Весник
Македонија

Ќучук: Надворешни фактори не сакаат да бидеме во добри односи со Северна Македонија

Ќучук: Надворешни фактори не сакаат да бидеме во добри односи со Северна Македонија

Има надворешни фактори кои не сакаат Бугарија и Северна Македонија да бидат во добри односи. Тоа се сите оние луѓе кои не сакаат Северна Македонија да биде дел од Европската Унија. Тоа се оние кои не сакаат нашата земја да има влијание, бидејќи наметнувањето на вето значи дека Бугарија нема пријатели на Балканот, во ЕУ. Ова го изјави европратеникот Илхан Ќучук за „БТВ“.

dobivaj vesti na viber

Ќучук е категоричен дека мора да инсистираат во РСМ да има владеење на правото и високи демократски стандарди.

„Сè додека не се признаваат правата на луѓето кои се сметаат за Бугари во РСМ, тензијата ќе продолжи. Дополнително, ние сме во ЕУ веќе 17 години, а не можевме да се приклучиме на блокот за важните теми, вклучително и обезбедувањето воена помош за Украина, како и во клучните реформи на ЕУ“, рече Ќучук.

Според европратеникот, бугарското ниво на учество паѓа, а нивниот капацитет е многу слаб. Бугарија е секогаш на 27 место и никогаш не предлагаме иницијативи, не учествуваме во блокови, не одиме со предлози до Европскиот парламент, вели тој.

Ќучук е категоричен дека имаат интерес помеѓу Бугарија и Македонија да нема ѕидови, туку да се градат пријателства.

„Треба да се поттикнат сите обиди за намалување на тензиите, а тоа не се однесува само на бугарската држава, важи и за Скопје“, нагласи тој и наведе дека наместо Бугарија да ги прекине врските со РСМ, треба да се најде решение за проблемите.

Во однос на Шенген, тој е категоричен дека не треба да се молат, туку да работат за влез на Бугарија во Шенген зоната.

Можете да прочитате

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски овластен да предложи нови кадровски решенија

Пренџов: ДУИ нема да биде дел од Владата, сè додека таа е предводена од премиерот Мицкоски

Полицаец по 4 часа во кафана прегазил велосипедистка која почина – Семејството Цветкоски по две години неизвесност утре ја чека пресудата на судот