Утрински Весник
Спорт

Чачиќ: Не можеме да го пуштиме Адеми

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Тренерот на Динамо Загреб, Анте Чачиќ, по победата на Динамо против Локомотива (2:1) уште еднаш ја коментираше ситуацијата во која се наоѓа Аријан Адеми.

dobivaj vesti na viber

Капитенот на Динамо минатата недела побара траснфер, а клубот го одби неговото барање. Според хрватските медиуми Валенсија сериозно е заинтересирана за Адеми.

„Бев јасен пред десет дена. Единствениот што може да замине е голманот Ливаковиќ, сите останати остануваат. Не би го пуштиле (Адеми) да си замине без разлика какви се понудите. Не можеме да го пуштиме капитенот затоа што мислам дека навистина ни е потребен”, рече Чачиќ.

Адеми го одигра целиот натпревар против Локомотива. Цело време на теренот беше и вториот македонски репрезентативец, Стефан Ристовски, кој во 36.минута го постигна првиот гол на натпреварот.

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД