Утрински Весник
Магазин

Tри филма за Џејмс Бонд го спасија серијалот 007

Tри филма за Џејмс Бонд го спасија серијалот 007

Според интернет-страницата „Скрин рент“, три филма за Џејмс Бонд го спасија серијалот од изумирање воскреснувајќи го од своите бледи претходници и повторно освојувајќи ги фановите.

dobivaj vesti na viber

Според истиот извор, овој триплет филмови е веројатно најважен во целиот серијал бидејќи од темел го промени, го спаси и ја врати публиката назад во кината заедно со интересот.

Сагата 007 отсекогаш имала свои подеми и падови, и комерцијално и критички. Но, некои нерамнини на патот беа премногу големи за да се игнорираат. Беше потребно обновување на квалитетот и реинвенција на разни елементи.

The Spy Who Loved Me („Шпионот што ме сакаше“) го спаси Бонд по два незначајни филма со Роџер Мур.

Иако Бонд на Роџер Мур во Live and Let Die не беше негово деби во таа улога, овој филм беше добар, генерално. Но, му недостигаше тој посебен ефект што го очекуваат фановите од филм за Бонд. По многу успешната ера на Шон Конери, очекувањата за новиот Бонд беа големи.

Како и неговиот наследник, The Man with the Golden Gun („Човекот со златниот пиштол“), Live and Let Die („Живеј и остави ги другите да умрат“) беше еден од ретките филмови за Бонд што го немаше 007 во воведната секвенција.

Golden Eye („Златно око“) го спаси Бонд по комерцијално разочарувачката ера на Тимоти Далтон.

Продуцентите го гледаа Пирс Броснан како можен 007 уште во средината на 80-тите како потенцијална замена за Роџер Мур.

Casino Royale („Казино Ројал“) докажа дека Бонд може да функционира во 21 век и дека неговата иднина е загарантирана.

„Казино Ројал“ требаше да ги врати работите во реалноста и да го донесе Бонд во 21 век.

Одговорот беше втемелено, зрело и привлечно ремек-дело, кое не само што повторно го измисли Џејмс Бонд туку и ја ревитализира целата сага. Совршено го постави она што, најверојатно, ќе биде најуспешна ера на владеење на кој било Бонд-актер, а тоа е ерата на Даниел Крег. Но, уште поважно, овој филм ѝ докажа на публиката дека Џејмс Бонд може да остане релевантен и денес.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста